Top Sport

Саутгејт, сепак, останува англиски селектор

Герет Саутгејт ќе остане англиски селектор и покрај елиминацијата во четврт-финалето на Светското првенство, тврдат британските медиуми, посочувајќи дека тој планирал да се повлече, но позитивната реакција на јавноста го убедила да продолжи.

52-годишниот Саутгејт има договор до крајот на Европското првенство во 2024 година и англиската Фудбалска асоцијација (ФА) не планира да прави промени. Според „Телеграф“, Саутгејт пред шампионатот планирал да си замине по Мундијалот, без разлика на резултатот, но по разговорите со своето семејство и позитивните реакции на стилот на игра, решил да остане.

Од 1968 до 2016 година, на пример, Англија победи во само шест елиминациски мечеви на големите натпреварувања, а под Саутгејт има исти шест победи во последните шест години – полуфинале на СП во 2018, финале на ЕП 2020 и четврт-финале во Катар.

Scroll to Top