Поранешниот играч од средниот ред на Јувентус, Швеѓанецот Албин Екдал е новото засилување на Сампдорија, негов петти италијански клуб.
Екдал дојде во Јувентус во 2008 година, по што играше во Сиена, Болоња и Калгари, а минатата сезона играше за Хамбургер во Бундеслигата, но овој клуб првпат во историјата испадна во втора лига.
„Благодарен сум што потпишав за голем клуб како Сампдорија. Едвај чекам да се вратам во Серија А и да го носам овој прекрасен дрес“, вели Екдал.