Сампдорија нема да почне со индивидуалните тренинзи на нивните фудбалери откако тестирањето на КОВИД-19 покажа четири нови позитивни случаи, а во исто време Серија А се наоѓа под притисок да ја продолжува сезоната за да ги добие парите од ТВ-правата и закажа итен состанок на 13 мај.
Сампдорија, како и сите италијански клубови доби дозвола да продолжи со тренинзите, но вчерашните тестови покажаа нови четири случаи на корона вирус, откако претходно повеќе нивни фудбалери и вработени беа позитивни.
Лега Серија А пак, свика итен состанок на 13 мај, каде што ќе се разгледуваат опциите за продолжување на сезоната и парите од ТВ-правата. Според италијанските медиуми 20-те италијански прволигаши се подготвени да ги тужат ТВ-куќите, откако не ја добија последната рата од ТВ-правата од 233 милиони евра.
Засега, само Бундеслигата официјално потврди дека ќе се рестартира веќе следниот викенд, додека се чека на одлука во Шпанија, Италија и Англија. Франција и Холандија веќе објавија дека сезоните се откажани.