Top Sport

Родман откри дека се пијанчел со Ким Џонг-Ун

Поранешната ѕвезда на Чикаго булс, Денис Родман открива дека склопил необично пријателство со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун, потсетувајќи се на караоке-забава со многу вотка откако двајцата одгледале кошаркарски меч.

Ким е познат по неговата љубов кон кошарката, додека Родман е најпознат по неговиот луд животен стил, кој кулминираше во 2013 година, кога ја прифати понудата да биде гостин на Ким во Северна Кореја.

„Кога ме прашаа дали сакам да одам во Северна Кореја им кажав, зошто да не! Мислев дека ќе одам да давам автограми, ќе играм кошарка, но не знаев многу за земјата. Му кажав на мојот агент дека немам проблеми да одам доколку сум безбеден. Беше кул кога излегов од авионот и ме чекаше црвен тепих. Кога првпат го сретнав Ким, бев со Харлем глобтротерс и не играв, така што кога ме повикаа мислев дека ќе одам во затвор. Потоа 22.000 Севернокорејци аплаудираа, а јас мислев дека ми аплаудираат мене. Тој ми кажа дека го повикале Мајкл Џордан и дека откако ги одбил ме повикаа мене“, вели Родман во разговор со Мајк Тајсон.

Потоа, следувало вистинското.

„Кога заврши мечот, влегуваме во соба со 70 луѓе, и тој ме покани на вечера со караоке и со водка. Следното на што се сеќавам е дека бевме многу пијани. Тој стана, пееше караоке, а до нас имаше музичка група од 18 убави девојки кои цело време ја пееја песната од ’Далас’. Потоа станавме добри пријатели. Не зборувавме за политика, туку само за спорт, иако му ги видов ракетите, мавзолеите и другите работи“, објаснува Родман.

Scroll to Top