Top Sport

Сампдорија тврди дека Коли има корона вирус, фудбалерот демантира!

Дефанзивецот на Сампдорија, Омар Коли тврди дека не е позитивен на корона вирусот, и покрај тоа што неговиот клуб официјално го именуваше како позитивен покрај соиграчите Албин Екдал, Антонино ла Гумина и Мортен Торсби и членот на медицинскиот тим, докторот Амадео Балдари.

Гамбискиот фудбалер преку социјалните мрежи тврди дека не е болен, откако резултатите од тестот биле „неточни“.

„Драги членови на моето семејство, пријатели и фанови, благодарам за пораките и за вашата грижа. Меѓутоа, јас имав тест на крвта и на белите дробови на 12 март и резултатот беше негативен. Во петокот, на 13 март имав тест на носот, но резултатите беа несигурни. Затоа потврдувам дека немам корона вирус“, вели 27-годишниот Коли.

Scroll to Top