Top Sport

Џад Трамп го освои Гибралтар опен

Додека другите спортови се на „пауза“ поради корона вирусот, Светската снукер турнеја продолжува со Гибралтар опен, каде што Џад Трамп стигна до својата шеста ранкинг титула оваа сезона и до награда од 200.000 фунти со трилер 4:3 победа над Кајрен Вилсон во финалето.

Аутсајдерот Вилсон имаше шанси да го победи Трамп откако водеше со 3:2 во фрејмови, но направи неколку почетнички грешки дозволувајќи му на Англичанецот да стане првиот снукер играч со шест ранкинг титули во една сезона, и да го промовира во еден од фаворитите на последните два турнири од сезоната, Корал шампионатот и Светското првенство во Шефилд.

По оваа грешка, Трамп со сенчури успеа да израмни на 3:3, за потоа лесно да го освои и одлучувачкиот фрејм за победа.

Scroll to Top