Сампдорија со 2:0 ја совлада Парма во најинтересниот неделен меч од 16. коло во Серија А, за да се искачи на седмото место во израмнетата италијанска лига.
Џанлука Капрари во 66. минута и ветеранот Фабио Кваљарела само три минути подоцна беа стрелци за клубот од Џенова.
Фиорентина, пак, се созема од шокот на стартот на мечот, кога Емполи поведе со 0:1 во 24. минута, за на крајот да стигне до 3:1 победа, додека Сасуоло се искачи на шестото место во лигата со 2:0 победа кај „отпишаниот“ Фросиноне.
Фото: ЕПА
СЕРИЈА А, 16.КОЛО
СПАЛ – Киево 0:0
Фиорентина – Емполи 3:1
Фросиноне – Сасуоло 0:2
Сампдорија – Парма 2:0