Top Sport

Самсоненко го продаде ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар официјално има нов сопственик. Порталот „Фактор.мк“, пишува дека вчера, преку Македонска берза, биле продадени сите акции на клубот.

Продадените акции биле во сопственост на РК Вардар, односно на Сергеј Самсоненко. Акциите биле продадени за сума од 2.000.000 денари (32.500 евра), односно една акција била продадена за 20.000 денари.

Новиот сопственик на фудбалскиот клуб ги наследи долговите на клубот кои изнесуваат 3.000.000 евра.

Неофицијално, нов сопственик на Вардар е „Блу скај“. Оваа компанија, летово доби дозвола од град Скопје и веќе стопанисува со клубот.

Scroll to Top