Поранешниот капитен на Камерун, Ригоберт Сонг, е именуван за нов селектор на националниот тим. Претседателот Самуел Ето му даде доверба на Сонг, кој досега беше предводник на националната селекција до 23 години. Тој доаѓа на местото на Тони Консеисао, само три недели пред баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Консеисао со Камерун стигна до третото место на Африканскиот куп на нации, но потоа не ја продолжи соработката.
Ригоберт Сонг е еден од легендарните камерунски фудалери, одигра 137 натпревари за националниот тим, а во кариерата настапуваше за Ливерпул и за Вест Хем.