Top Sport

Свитолина ја победи Потапова: Сѐ што ќе заработам овде ќе оди за украинската армија

„Бев во мисија за својата земја“, изјави Елина Свитолина, по победата над Анастасија Потапова, во првото коло на турнирот во Монтереј.

Облечена во боите на Украина, жолта маичка и сино здолниште, Свитолина ја декласира Потапова со 6/1, 6/2.

„Се што ќе заработам ќе оди за армијата, благодарам за поддршката“, изјави 15.тенисерка на ВТА листата.

Свитолина, ден пред мечот, размислуваше да го бојкотира, во знак на протест против руската инвазија врз Украина. Таа, во понеделникот, предупреди дека нема да игра против тенисерките од Русија и Белорусија, доколку тие не играат под неутрално знаме.

АТП и ВТА, потоа објавија дека Русите и Белорусите, можат да се натпреваруваат но без државните обележја.

Свитолина, во второт коло ќе игра против Бугарката, Викторија Томова.

Scroll to Top