Top Sport

„Сан“ се потсмеваше со ранецот на Медисон, тој им одговори совршено

Фудбалерот на Лестер и мета на повеќето големи премиерлигаши, Џејмс Медисон влезе во конфликт со англискиот таблоид „Сан“ кој се потсмеваше со неговиот ранец „Луј Витон“ вреден 6.500 фунти.

Откако весникот посвети една статија на „ужасниот“ ранец на 22-годишниот Англичанец пред мечот со Тотенхем во саботата, Медисон одговори кратко.

„Ќе беше полошо да пристигнам на меч со весникот ’Сан’, нели?“, напиша Медисон на Твитер.

Пред да се „справи“ со „Сан“, Медисон ги „реши“ и Тотенхем, постигнувајќи фантастичен гол за 2:1 победа над големиот противник.

Scroll to Top