Top Sport

Сансоне: Не за опстанок или Европа, Болоња се бори за Михајловиќ

Пред денешниот меч на Болоња против Рома, Никола Сансоне вели дека неговиот тим не се бори ниту за опстанок, ниту за европски купови, туку само за својот тренер, Синиша Михајловиќ, кој има своја борба со леукемијата.

Во претходниот меч, Болоња се врати од 3:1 негатива за 4:3 победа над Бреша, по што целиот тим застана пред болницата и пееше на српскиот тренер, кој добива хемотерапија во клиниката. Сансоне за „Скај спорт Италија“ ја објаснува ситуацијата во тимот.

„Неговата болест навистина не удри силно и затоа има силна врска помеѓу нас и тренерот. Ние сме обединет тим и сакавме да го изненадиме на враќањето на мечот и го посетивме. Го сакаме тренерот бидејќи е искрен, јасен и ни се допаѓа тоа. Не се бориме за безбедна сезона, ниту за Европа, туку за нашиот мисер, Михајловиќ. Тој не беше задоволен по првото полувреме со Бреша и мораме да му вратиме во следниот меч“, вели Сансоне.

Scroll to Top