И покрај тврдењата на Жозе Мурињо дека се пишуваат „ср.ња“ и „глупости“ околу неговиот однос со Пол Погба, британскиот таблоид „Сан“ тврди дека португалскиот тренер на Манчестер јунајтед имал жестока пресметка со Пол Погба и Фил Џонс по поразот од Њукасл.
Добивајќи информации од „инсајдери“ од Њукасл, „Сан“ тврди дека Мурињо влегол во напад на Погба и Фил Џонс по 1:0 поразот, по што двајцата отсуствуваа од рутинската 2:0 победа над Хадерсфилд во ФА купот, наводно поради повреди.
„Мурињо беше фуриозен, сите можеа да го слушнат како вреска на Погба и Џонс. Тој сметаше дека тие мораат да играат подобро, но очигледно притисокот го направи своето“, вели анонимниот извор за таблоидот.
Мурињо, од друга страна, очекува Погба да биде подготвен за мечот од Лигата на шампионите против Севилја во среда навечер.
„Не знам како е Пол. Не сакав да знам пред натпреварот, бидејќи тоа не е вистинско време“, вели Мурињо.