Манчестер јунајтед ја одбележа 60-годишнината од минхенската авио-несреќа, по што стигна потешко од очекувањата до 2:0 победа над Хадерсфилд, одбележана со деби голот на Алексис Санчез во „црвениот“ дрес.
Во текот на првото полувреме Јунајтед не успеа да го „скрши“ отпорот на гостите, а највпечатлив момент беше грубиот фаул над младиот Скот Мектоминеј и одлуката на судијата да не досуди пенал.
Alexis Sanchez celebrates his first goal for Manchester United.#MUFC pic.twitter.com/Bug7p4wrfo
— Manchester United (@MUFCScoop) February 3, 2018
Во 55. минута со одлична реакција, Ромелу Лукаку донесе предност за домаќините, пред во 68. минута, Санчез да добие шанса да го постигне првиот гол по трансферот од Арсенал по досудениот пенал. Ударот на Чилеанецот беше „фатен“ од Јонас Лесл, но одбиената топка пак дојде кај Санчез, кој по вторпат не згреши.
Откако Сити претходно одигра само 1:1 на гостувањето кај Барнли, Јунајтед со своите 56 поени се доближија на уште големи 13 поени разлика од лидерите по 26 одиграни кола.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 26. КОЛО
Бурнемаут – Стоук 2:1
Брајтон – Вест Хем 3:1
Лестер – Свонси 1:1
Манчестер јунајтед – Хадерсфилд 2:0
Вест Бром – Саутемптон 2:3
Јунајтед оддаде почит на 60-годишнината од минхенската катастрофа (галерија)