Алексис Санчез го имаше своето деби за тимот на Манчестер јунајтед во четвртото коло од ФА купот на гостувањето кај третолигашот Јеовил, меч кој „ѓаволите“ го добија со рутински 4:0 со комбиниран состав, во кој првпат од септември имаше место и за капитенот Мајкл Керик.
Јунајтед дојде во водство во 43. минута, откако една топка од Санчез за Маркус Рашфорд изгледаше дека отиде кај одбранбените играчи на Јеовил, но младиот напаѓач одлично се снајде за да донесе водство за огромните фаворити.
Alexis Sanchez’s game by numbers vs. Yeovil:
97 touches
53 (73%) passes completed
2 shots
6 chances created
2 tackles won
1 assist
1 take-on completedStrong performance. pic.twitter.com/FEuYqTwrkK
— Squawka Football (@Squawka) January 26, 2018
Во 61. минута откако Санчез издоминира во средниот ред, додаде до Андер Ерера, кој ја смести топката зад грбот на голманот. Санчез беше повлечен во 71. минута од играта, по што во финишот на натпреварот Јунајтед постигна уште два гола, прво преку Џеси Лингард, за на крајот Ромелу Лукаку да стави печат на пласман во петтото коло на ФА купот.
ФА КУП, 4.КОЛО
Шефилд венсдеј – Рединг 3:1
Јеовил – Манчестер јунајтед 0:4