Top Sport

Санчез ја спасува кариерата во Лил по лошата авантура во Баерн

Португалецот Ренато Санчез беше најдобриот млад фудбалер на ЕП во 2016 година, а стана и шампион со својата селекција. Тоа лето од Бенфика за 35 милиони евра прејде во Баерн Минхен и од него се очекуваше да стане еден од најдобрите играчи на баварскиот клуб.

Сепак, прилагодувањето кон новата среина му одеше тешко. Се мачеше на теренот.

Беше и на едногодишна позајмица во премиерлигашот Свонси, но клубот испадна во Чемпиншип и Санчез се варти во Баерн.

„Не беше мој избор да одам во Свонси, од Баерн ме натераа да одам таму. Не сакав да одам иако многу го почитувам тој клуб, играчите и луѓето кои ги запознав. Ми дадоа се, но едноставно не сакав да бидам таму. Немав мотивација и некако целиот свет ми се сруши“ – рече Португалецот за „Л`кип“.

Сега Санчез е играч на француски Лил, каде премина за сума од 20 милиони евра. Тој на 17 лигашки мечеви постигна 3 гола.

Scroll to Top