Top Sport

Чилиќ елиминиран од Пер – не искористи четири меч топки

Марин Чилиќ не успеа да го мине првото коло на турнирот во Дубаи. Хрватот играше против Беноа Пер и загуби со 2:6, 7/5, 7/6.

Чилиќ против Пер потврди дека во последните 12 месеци нема константа во својата игра. Тој лесно го доби првиот сет, во вториот не искористи две меч топки, а истото му се случи и во третиот сет.

Пер успеа да обезбеди тај-брејк во третиот сет, а каде беше надмоќен на својот противник, на кого му дозволи да освои само еден поен.

Scroll to Top