Алексис Санчез се подготвен да остане фудбалер на Манчестер јунајтед уште две сезони за да ја заддржи својата плата од 400.000 фунти неделно и да избегне намалување во ситуација на криза, јавува „ЕСПН“.
Чилеанецот по ужасните настапи за „ѓаволите“ е на позајмица во Интер во Италија, и иако се смета дека веќе нема да заигра за тимот на Оле Гунар Солскјер и дека тимот ќе се обиде да го продаде, тој е подготвен да остане официјално фудбалер на тимот дури и тоа да значи да не заигра повторно за клубот.
Јунајтед уште плаќаат дел од неговата плата додека игра за италијанскиот тим, но договорот за позајмица трае до летото. Клубот ќе се обиде да најде купувач во текот на летото, но управата на клубот веќе му порачала на Солскјер да го планира во тимот за следната сезона доколку тоа не се случи.
Откако пристигна од Арсенал, Санчез одигра само 45 меча за Јунајтед и постигна 5 гола. Во Интер тој беше ограничен со повредата на само 15 меча и еден гол.