Роџер Федерер се приклучи на листата спортисти кои преку своите социјални мрежи даваат „предизвици“ на фановите и спортските ривали, и овојпат ви е потребна само шапка, тениски рекет (и топче) и ѕид.

38-годишниот тениски рекордер ја поддржа кампањата „#tennisathome“ или тенис по дома, со интересно видео.

„Еве ви интересна соло вежба. Да видиме што имате! Вратете ми со видео и ќе ви дадам совети. Изберете ја шапката умно“, напиша Федерер на видеото на кое од екстремна близина до ѕидот успеа без да се помрдне да упати 200 удари.

Иако поголем дел од одговорите кои ги доби се од фанови, тој во предизвикот ги тагираше и Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Александер Зверев, Коко Гоф, Кристијано Роналдо, Том Брејди, Бил Гејтс и Двејн „Рок“ Џонсон.