Top Sport

Санчез: Не е вистина дека ставив 20.000 фунти дека Мурињо ќе биде отпуштен

Алекс Санчез тврди дека вестите дека се обложил 20.000 фунти дека Жозе Мурињо ќе добие отказ се невистинити и се навреда за човекот кој му даде шанса да игра за Манчестер јунајтед.

Англиските медиуми тврдеа дека скапиот облог бил направен со аргентинскиот соиграч Маркос Рохо, и додаваа дека Чилеанецот пратил порака на „Ватсап“ во која се радувал на отказот на Мурињо: „Ви кажав! Треба само трпение. Рохо ти ми должиш 20.000 фунти“.

Санчез, кој во моментов е во Чиле и се опоравува од повредата на бутниот мускул на Твитер го демантираше ова.

„Ова е лага! Жозе ми даде шанса да играм за најдобриот тим на светот и чувствувам само благодарност кон него. Ова е навистина обединет (Јунајтед) тим. Ние сме Манчестер јунајтед. Почит! Едвај чекам да помогнам на тимот и им посакувам среќа утре“, напиша Чилеанецот.

Алексис Санчез заработил 20.000 фунти од отказот на Мурињо

Scroll to Top