Top Sport

Јувентус во партнерство со „Адидас“ вредно 408 милиони евра!

Италијанскиот шампион Јувентус објави продолжување на договорот со германскиот производител на спортска опрема „Адидас“, кој ќе вреди „минимум“ 408 милиони евра од 2019/20 до 2026/27.

„Бјанконерите“ во 2015 година објавија шестгодишен договор со германската компанија вреден 139.5 милиони евра, кој требаше да истече во 2021 година.

„Јувентус и ’Адидас’ го променија официјалниот партнерски договор и го продолжија до 30 јуни 2027 година. Досегашниот договор покриваше шест фудбалски сезони, а со новиот ќе има осум фудбалски сезони до 2026/27. Во овој период ’Адидас’ ќе биде технички партнер на сите тимови на Јувентус за 408 милиони евра, со дополнителни исплати за продажба и спортски перформанси. ’Адидас’ ќе исплати 15 милиони евра бонус за 2018 година“, се вели во соопштението на Јувентус.

Scroll to Top