Top Sport

Санчез: По првиот тренинг сакав да заминам од Јунајтед

Алексис Санчез во историјата на Манчестер Јунајтед ќе остане запишан како едно од најлошите засилувања. Во јануари 2018 година Чилеанецот потпиша договор со „црвените ѓаволи“, препорака за трансферот беа одличните настапи за Арсенал.

Сепак Санчез не ги исполни очекувањата, одигра само 45 натпревари за Јунајтед на кои постигна пет гола.

Играчот на Интер објави видео на „Инстаграм“ во кое се евоцира спомени од за него мачниот период на „Олд Трафорд“.

„По првиот тренинг многу работи ми станаа јасни. Се вратив дома и го прашав семејството и менаџерот дали можам да го раскинам договорот. Нешто не ми се допаѓаше во клубот, но веќе потпишав договор“, раскажува 31 годишниот фудбалер.

„Не бев обединети како тим. Новинарите критикуваа, а не ги знаеја работите, тоа ме болеше. Исто така критикуваа и поранешните играчи, а не знаеја што се случува во клубот. Кога требаше некој да се критикува, тогаш ме критикуваа мене. Самокритичен сум, требаше да играм подобро, но секогаш јас бев виновен, дури и кога играв само неколку минути“.

 

Scroll to Top