Top Sport

Санчез со „боцка“ за Арсенал: Тешко е да се игра во голем клуб како Јунајтед

Алексис Санчез вели дека е многу тешко да се адаптираш на играта во „голем клуб“ по трансферот од Арсенал во Манчестер јунајтед во јануари, но едвај го чека своето трето ФА куп финале откако постигна гол за 2:1 победа над Тотенхем во полуфиналето.

Ова беше осми гол во осми настап за Санчез на „Вембли“ и четврти во полуфиналињата од ФА купот, и иако Чилеанецот двапати го крена трофејот со Арсенал, вели дека атмосферата на „Олд Трафорд“ бара повеќе жртвување и има поголем притисок.

„Вистината е дека беше тешко за мене кога дојдов во голем клуб, тоа смени сѐ. Затоа сум среќен што можам да дадам нешто за клубот со моето однесување на теренот. Пол Погба ми даде совршено додавање и знаев дека ќе постигнам гол“, вели Санчез.

Тој исто така го пофали својот менаџер Жозе Мурињо за желбата за победа и се надева дека следната година ќе тргнат по титулата.

„Тој е тренер кој бара многу и кога губиме станува многу лут. Потребни ни се такви барања за да го извлечеме максимумот. Сака да играм слободно, да уживам, да напаѓам, да се бранам, да правам речиси сѐ. Што можеме да научиме од сезоната? Не беше лесно, но следната година мораме да одиме на титула. Јунајтед се посебни поради историјата на светско ниво и тоа се виде на стадионот“, додава Чилеанецот.

Фото: ЕПА

Санчез направи пресврт, Јунајтед преку Тотенхем до ФА куп финале (видео)

Scroll to Top