Top Sport

Пеликанс со „метла“ за Портланд (видео)

Ентони Дејвис и Џру Холидеј имаа најдобри партии во плеј-офот во нивните кариери за Њу Орлеанс пеликанс да стигнат до 131:123 победа над Портланд трејлбрејзерс и да ги елиминираат со 4:0 во првото коло од плеј-офот.

Дејвис имаше фантастични 47 поени, а Холидеј додаде 47, а Рондо имаше 16 асистенции, 7 поени и 7 скока за Пеликанс. Во разочарувачкиот пораз за Портланд, Си Џеј Меккалам имаше 38 поени, а Ал-Фарук Амину додаде 27 поени и тие загубија и покрај тоа што имаа 52.6 проценти успешност од поле.

Пред елиминација е и Мајами хит, откако Филаделфија стигна до тесна 106:102 победа за да поведе со 3:1 во серијата. Џеј Џеј Редик имаше 24 поени, а Бен Симонс стана само петтиот дебитант во НБА историјата со трипл-дабл (17 поени, 13 скока и 10 асистенции) и прв по Меџик Џонсон во 1980 година.

За Мајами, Двејн Вејд повторно беше најдобар со 25 поени, а Горан Драгиќ додаде 20, но Хит ќе мораат да избегнуваат елиминација во следниот натпревар во вторник во Филаделфија.

Џими Батлер и Џеф Тиг комбинираа за 51 поен, за Минесота конечно да има одличен натпревар во нападот за Тимбервулвс да стигнат до 121:105 победа над Хјустон и да ја намалат предноста на Рокитс на 2:1.

Јута го искористи домашниот терен за да стигне до 115:102 победа над Оклахома и да поведе со 2:1 во нивната серија, предводени од Рики Рубио, кој имаше трипл дабл (26 поени, 11 скока и 10 асистенции).

НБА ПЛЕЈ-ОФ, 1.КОЛО

(4:0) Њу Орлеанс – Портланд 131:123

(1:3) Мајами – Филаделфија 102:106

(1:2) Минесота – Хјустон 121:105

(2:1) Јута – Оклахома сити 115:102

Scroll to Top