Top Sport

Санчо ги однесе Дортмунд во полуфиналето на ДФБ купот

Борусија Дортмунд се пласираше во полуфиналето на германскиот ДФБ куп, откако на гостувањето кај „другата“ Борусија во Менхенгладбах стигнаа до 1:0 победа.

Човек на одлука беше Џејдон Санчо во 66. минута од мечот, откако претходно беше поништен еден гол на Ерлинг Халанд поради фаул во напад.

Второто четврт-финале помеѓу второлигашот Регензбург и Вердер Бремен беше откажан поради повеќе случаи на КОВИД-19 кај тимот на Регензбург.

Scroll to Top