Top Sport

Добри вести за Клоп – Тројца се враќаат за дуелот со Челси

Ливерпул во дербито со Челси ќе влезе со двајца фудбалери кои подолго време отсуствуваа поради повреди, а на голот ќе се врати Алисон Бекер, кој го пропушти дуелот со Шефилд јунајтед.

Јирген Клоп ќе може да смета на Фабињо и Диого Жота. Фабињо не играше еден месец, додека Жота отсуствуваше од почетокот на декември, кога се повреди на натпреварот со Митјиланд.

Враќањето на овие тројца ќе ги зголемо опциите на Клоп, во одбраната и во нападот, кој оваа сезона не е толку ефикасен, како што тоа беше случај во претходните две сезони.

Дербиот на „Енфилд“ ќе се одигра утре од 21:15 часот.

Во пресрет на дербито Ливерпул се наоѓа на шесттото место на табелата, со бод помалку од Челси.

Scroll to Top