Top Sport

Санчо го „уништи“ Милнер, Јунајтед со рано водство против Ливерпул!

Навивачите на Манчестер јунајтед, конечно, можат малку да се радуваат, откако дојдоа до 1:0 водство против лутиот ривал Ливерпул по 16. минути игра, по фантастичниот потег на Џејдон Санчо, откако зачудувачки „ѓаволите“ ја имаат контролата на играта на стартот на мечот.

Со Кристијано Роналдо, Хери Мегваер и Лук Шо на клупата, Ерик Тен Хаг се одлучи за поинаква стратегија, која засега се покажува како успешна. Пред голот на Санчо, Јунајтед имаа уште една одлична шанса кога Ентони Еланга ја погоди стативата.

Scroll to Top