Top Sport

Фернандеш ќе си дадеше комичен автогол!

Бруно Фернандеш, секако, не е дефанзивен фудбалер, но би требало да има малку повеќе контрола со топката, откако во 41. минута од дербито Манчестер јунајтед-Ливерпул ќе си постигнеше супер-смешен автогол.

Јунајтед имаат 1:0 водство по голот на Санчо во 16. минута од мечот, но последните десетина минути, Ливерпул ја врати иницијативата и во 41. минута беа најблиску до гол, кога Фернандеш без контрола ја упати топката во градите на Лисандро Мартинез, кој убаво интервенираше.

Scroll to Top