Top Sport

Санчо и Халанд го освоија ДФБ купот за Дортмунд, Нагелсман си оди од Лајпциг без трофеј

Младите суперѕвезди на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо и Ерлинг Халанд беа во најдобра можна форма за да ја „спасат“ сезоната за „милионерите“ со 3:1 победа во финалето на ДФБ купот против РБ Лајпциг, по што нивниот тренер Јулијан Нагелсман ќе замине во Баерн без освоен трофеј со клубот на Ред бул.

Санчо, за кого шефовите во Дортмунд потврдија дека може да замине ова лето ако дојде вистинската понуда, уште во петтата минута ја покажа гладта која ја имаат фудбалерите за титула, постигнувајќи фантастичен гол, за во 28. минута, Ерлинг Халанд, за кого пак потврдија дека нема продажба ова лето, да ја продолжи својата неверојатна форма со уште еден гол за 0:2. Санчо во 45. минута од мечот по една брза контра на Дортмунд обезбеди „милионерите“ да одат на одмор со 0:3.

Во второто полувреме, Дани Олмо успеа да намали на 1:3 во 73. минута од мечот, пред Халанд во 88. минута да го „дотепа противникот“.

Ова е петта титула од ДФБ купот за Дортмунд и прв трофеј од 2017 година, кога исто така го освоија германскиот куп. Лајпциг, пак, и покрај огромните инвестиции на гигантот Ред бул, остануваат без титула во својата историја, откако и во 2018 година загубија во финалето на Купот.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top