Top Sport

Санчо има договор со ПСЖ, Јунајтед бара 48 милиони евра

Џејдон Санчо со Манчестер јунајтед тргна на турнеја низ САД, но останува отворена можноста за трансфер во ПСЖ.

Францускиот клуб е сериозно заинтересиран да го доведе, „Лекип“ неодамна објави дека Санчо ја договорил платата со Французите, но прашање е дали клубовите ќе постигнат договор.

Познато е дека Манчестер јунајтед за неговиот трансфер, пред три години издвои 7 милиони евра.

Санчо минатата сезона беше во конфликт со менаџерот Ерик тен Хаг, па беше испратен на позајмица во Борусија Дортмунд.

Со „милионерите“ стигна до финалето на Лигата на шампионите, но летово се врати на „Олд Трафорд“ и се смири со Тен Хаг кој го однесе во САД.

Сепак, факт е дека клубот е свесен дека доколку сака да го продаде, нема да може да ги врати вложените пари.

Се верува дека Јунајтед е подготвен за значителна загуба и дека од заинтересираните клубови ќе побара отштета од 48 милиони евра.

Scroll to Top