Судбината на Џејдон Санчо во редовите на Манчестер јунајтед наскоро би можела да биде решена.
Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Јунајтед и го понудил Санчо на Барселона, но во замена за поранешниот крилен напаѓач на Лидс, Бразилецот Рафиња.
Санчо тренира самостојно од крајот на август, кога Ерик тен Хаг го отстрани од тимот.
Доколку Барселона се согласи, Санчо ќе дојде во Каталинија во јануари.
Од друга страна, Рафиња пристигна таму во летото 2022 година и во првата сезона постигна седум гола со исто толку асистенции на 36 натпревари. Бразилецот оваа сезона не може да ја најде вистинската форма, поради што се почесто се слушаат коментарите дека тој е пормашена инвезтиција.
За Рафиња се распрашува и Борусија Дортмунд, во замена тие го нудат Донел Мален во Барселона. Интересно, за Мален медиумите пишуваа дека би можел да биде дел од размената меѓу Борусија и Манчестер јунајтед, која би го вратила Санчо во Дортмунд.
Исто така, англиските медиуми пренесуваат дека клубот од Олд Трафорд донел одлука во врска со напаѓачот Антони Марсијал.
Неговиот договор истекува на лето и клубот одлучи да не ја користи опцијата за автоматско продолжување на договорот за уште една година.
Тоа практично значи дека поранешниот фудбалер на Монако на лето ќе има одврзани раце и ќе може без обештетување да бара нов клуб.