Top Sport

„Санчо не е повреден, заменет е во 36 минута е поради слабата игра“

Борусија Дортмунд вчера доживеа дебакл од Баерн и само ја продолжи серијата на лоши резултати во Минхен.

Покрај резултатот случката од 36 минута е предмет на анализи во германските медиуми. Во финишот на првиот дел тренерот Лусиен Фавр од игра го извади Џејдон Санчо. Претпоставките биле дека младиот Англичанец е заменет поради повреда, но тренерот го негира тоа.

„Не беше повреден, тренираше ден пред мечот. Морав да реагирам бидејќи она што го водов од него не беше доволно добро“, рекол Фавр.

Санчо по мечот ги избегнал новинарите. Оваа случка само ги засили шпекулациите дека Санчо во летниот преоден рок ќе го напушти Дортмунд. Интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Scroll to Top