Top Sport

Мајорка ја потопи „жолтата подморница“

Фудбалерите на Мајорка ја прекинаа лошата низа откако во првиот меч од неделната програма во Ла Лига забележаа победа над Вилјареал 3:1. Натпреварот на Балераските острови го обележаа пеналите, два за домаќините и еден за гостите.

Мајорка стекна предност од два гола во првото полувреме откако од белата точка Серхио Асенхо го совладаа најпрвин Жуниор Лаго, а потоа и Даниел Родригез.

На сличен начин Вилјареал во 49 минута ја намалија предноста на Мајорка. Стрелец од пенал беше ветеранот Санти Казорал.

Само четири минути подоцна младиот Јапонец Кубо го постави конечниот резултат.

Мајорка по 13 рунди има 14 поени, четири помалку од Вилјареал.

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски не беше во конкуренција во тимот на Мајорка.

Scroll to Top