Top Sport

Абрамович е принципиелен – не продава фудбалери на Тотенхем

Газдата на Челси, Роман Абрамович им забранил на своите играчи да размислуваат за трансфер во Тотенхем, и го блокирал трансферот на Карлтон Кол и покрај тоа што тој ги поминал медицинските тестови бидејќи едноставно „не влегувал во бизнис со Тотенхем“.

„Сините“ и Тотенхем имаат луто ривалство кое се граничи на непрвијателски односи и Абрамович, кој го купи клубот во 2003 година, осигурува историското ривалство да опстане. Единствен фудбалер кој дошол во Тотенхем од Челси во неговата ера беше голманот Карло Кудичини на слободен трансфер во 2009. Карлтон Кол открива што му кажал Абрамович пред несудениот трансфер.

„За малку ќе пристигнев во Тотенхем, го завршив медицинскиот тест и беше готово. Роман Абрамович го донза тоа и ми кажа: ’Мора да се вратиш, не одиш таму. Не можеш во Тотенхем, не влегувам во бизнис со нив’“, вели Кол.

Кол помина низ јуниорските школи на Челси пред да го потпише првиот професионален договор во 2000 и да дебитира во првиот тим две години подоцна. Наместо трансфер во Тотенхем, Абрамович му понудил позајмица во рускиот клуб ЦСКА Москва, пред во 2005 да го продаде на Вест хем.

„Ми кажа: ’Имам алтернатива за тебе’. Отидов на ’Стемфорд бриџ’ со мојот татко и чичко и Роман беше таму со својот преведувач. Ми кажа дека ќе ми даде нов договор, но дека ќе ме прати во ЦСКА Москва, неговиот друг тим. Јас сакав да влезам во репрезентацијата, а ако играв таму немаше да ме повикаат. Му кажав дека не одам во Москва, другару“, вели Кол.

Scroll to Top