Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо доби предупредување од првите луѓе на клубот дека „постојат граници“ на тоа што тие го сметаат за прифатливо однесување без разлика на тоа колку се импресивни неговите перформанси.
19-годишниот Санчо повторно е една од светлите точки кај „милионерите“, со 14 постигнати гола и 15 асистенции во 26 настапи, а исто така добива шанса да стане и стандарден првотимец во англиската репрезентација, давајќи два гола во 5:3 триумфот над Косово.
Меѓутоа, надвор од теренот, Санчо се најде на огромен удар на критиките од германските медиуми, откако прво во октомври задоцни при враќањето од клубот од репрезентативните обврски, а потоа неодамна кога на Инстаграм се пофали со својот екстравагантен одмор во Дубаи со јахти, „позлатени“ стекови…
Директорот на развој на БВБ, Себастијан Кел вели дека мора да се внимава на обврските.
„Ретко кој фудбалер се развил толку бргу за толку кратко време. Но, како и секој друг играч на нашиот клуб, без разлика колку е добар, тој треба да знае дека постојат граници. Постои одреден рамка на работа и во неа треба да бидат сите. Фудбалот е тимски спорт и мораш да бидеш едно со тимот“, изјави Кел.
Тренерот на тимот, Лусиен Фавр претходно овој месец призна дека е „престрог“ кон Санчо, но тоа го прави само за да извлече максимумот од него. Овие проблеми ги зголемија шпекулациите дека тој сака назад во Англија, откако се верува дека Челси го имаат високо на својата листа на посакувани играчи.
Џејдон Санчо јадеше „златен“ стек, германските медиуми збеснаа! (видео)