Top Sport

Џејдон Санчо јадеше „златен“ стек, германските медиуми збеснаа! (видео)

Германските медиуми влегоа во брутален напад на англиската ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, откако тој на Инстаграм објави видео од својот последен одмор, кој вклучуваше приватен авион, јахти и „позлатен“ стек.

19-годишниот Санчо, кој подолго време се поврзува со трансфер во Англија, ја комплетираше својата посета на Дубаи со ручек во „Нуср-Ет“ ресторанот, каде што работи славниот турски готвач Нусрет Гокче, попознат како „Салт беј“.

Според весникот „Ди велт“, златниот стек бил „хранлив без сомнение, но проклето тежок за варење за јавноста“. „Билд“ пак, во вторникот го постави Санчо на насловната страница со порака дека тинејџерот си ја „уништил репутацијата“.

Ова не е првпат германските медиуми да се „навртат“ на фудбалер кој бил во посета на овој ресторан – во јануари 2019, Франк Рибери беше казнет од Баерн Минхен по неговиот одговор за критиките кои ги доби за скапата посета на Дубаи.

View this post on Instagram

The Breezy Tour ?

A post shared by Jadon Sancho (@sanchooo10) on

Scroll to Top