Џејдон Санчо останува отворен за трансфер во најголемите клубови во Премиер лигата (со Челси и Манчестер јунајтед како најчестоспоменувани дестинации), меѓутоа Борусија Дортмунд останува на цената од 110 милиони евра за било каков договор, јавува „Гол“.
20-годишниот Санчо, кој направи име во Бундеслигата со одличните настапи по заминувањето од Манчестер сити, нема намера да го продолжува договорот со Дортмунд, кој трае до 2022 година, но сите надежи за „попуст“ поради корона кризата се невозможни. И покрај тоа што имаше сезона со неколку повреди и честопати беше на клупата, Санчо има 14 гола и 16 асистенции во 21 меч во Бундеслигата.
Потпретседателот на Јунајтед, Ед Вудворд минатиот месец призна дека секој договор над 100 милиони фунти е нереален во ситуација на криза поради корона вирусот, а во Англија се плашат дека вакви трансфери може да наидат на противење во нивната земја додека многу луѓе се без редовни примања.
Ако Јунајтед ја добијат трката за Санчо, Челси има замена во нигериската ѕвезда на Вилјареал, Самуел Чуквуезе, а тука е и Вилфрид Заха, кој Кристал палас го цени на 80 милиони фунти. Во слична ситуација се и Ливерпул, кои не е јасно дали се подготвени да ја платат клаузулата од 60 милиони евра за Тимо Вернер од РБ Лајпциг.