Еден од најталентираните англиски фудбалери, Џејдон Санчо бил отворен за идејата за заминување од Борусија Дортмунд бидејќи се чувствувал „посрамотен“ од првите луѓе на клубот по двата инциденти оваа сезона, тврди „Атлетик“.
Барселона, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Ливерпул подолго време се заинтересирани за 19-годишниот Санчо, кој јавно беше искаран и изоставен од тимот откако се врати доцна од репрезентативните обврски во октомври. Тој исто така беше заменет во првото полувреме при 4:0 поразот од Баерн Минхен, по што тренерот Лусиен Фавр изјави дека тој „едноставно не бил доволно добар“.
Фудбалерот кој приозлезе од академијата на Манчестер сити има 5 гола и 9 асистенции оваа сезона за Дортмунд, и неговите родители и неговите застапници сметаат дека тој непотребно се прави „жртвено јагне“ за слабиот старт на тимот.
Exclusive: Jadon Sancho felt humiliated/scapegoated/unprotected by Dortmund post Bayern loss + #BVB public comments. Current summer options Barcelona, Liverpool, Man Utd, Real Madrid. No preference yet. Man City want to be kept informed, no Chelsea contact https://t.co/Ty9G7qZhcv
— David Ornstein (@David_Ornstein) November 24, 2019