Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо ќе се врати во Борусија Дортмунд. Крилниот напаѓач играше во Борусија до 2021 година, кога за 73 милиони фунти се пресели на „Олд Трафорд“.
Престојот на Санчо во Манчестер се претвори во кошмар, откако на почетокот на сезоната одби одби да му се извини тренерот Ерик тен Хаг за објавата на социјалните мрежи во која напиша дека е „жртвено јагне“.
Холанѓанецот најпрвин го исфрли од тимот, а потоа и му забрани да тренира со соиграчите.
Медиумите објавија дека Борусија сака да го врати Санчо, но само доколку клубот се согласи да го позајми. Исто така Санчо ќе мора да прифати помала плата.
Санчо одигра 82 натпревари, постигна 12 гола за Јунајтед и го освои Лига купот.