Top Sport

Санчо: Сон е да се игра за Борусија

Англискиот тинејџер Џејдон Санчо вели дека го „живее сонот“ со настапите за Борусија Дортмунд, велејќи дека е чест да се игра за толку голем тим.

17-годишниот Санчо, кој во март треба да го има кам-бекот на фудбалските терени по повредата, одби шанса да потпише договор со лидерите во Премиер лигата, Манчестер сити за да потпише со Дортмунд минатото лето и освојувачот на У-21 Светското првенство нема за што да жали. Со шест старта за Борусија, тој е задоволен од постигнатото.

„Да се игра за првиот тим, пред жолтиот ѕид е остварување на сонот. Кога замина Усман Дембеле ми го понудија бројот 7 и не гледав зошто да не го прифатам предизвикот. Не ме плаши таа шанса, бидејќи уште треба да се докажувам“, вели Санчо.

Неговиот фокус е толку голем што тој активно го учи германскиот јазик и живее со својот татко во Германија во обид да се концентрира само на фудбалот. Санчо беше дел на јуниорската академија на Ватфорд.

„На почетокот беше тешко да се биде надвор од Англија. Но, го правиш тоа што е потребно за да успееш во нешто што навистина го сакам“, вели Санчо.

Scroll to Top