Top Sport

О’Саливен во велшкото финале

Легендата Рони О’Саливен се пласираше во четврто ранкинг-финале оваа сезона, откако направи импресивен  кам-бек против Стивен Мегвајр освојувајќи четири фрејма во низа за финале на Светското ГП во Престон, Велс.

Петкратниот светски шампион губеше со 4:2 од Шкотланѓанецот, со највисок брејк од само 50, но потоа го „сврте“ мечот со брејкови од 72, 83 и 128 за 6:4 победа и сега во финалето ќе го чека или светскиот број 1, Марк Селби или Кинезот Динг Џунхуи.

Селби, актуелниот светски шампион со 5:2 го совлада Мајкл Вајт, додека Динг со 5:3 беше подобар од Ентони Мекгил.

„Повеќе би сакал да играм со Динг, бидејќи Селби ќе ме ’убие’. Подобро нека остават возовите да си тргнат подоцна за гледачите, бидејќи ќе биде интересно“, вели 42-годишниот О’Саливен.

Scroll to Top