Top Sport

Санчо внимавај, можеш да минеш како Јовиќ

Џејдон Санчо се очекува да биде ѕвезда на летниот преоден рок. Крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд се поврзува со неколку врвни тимови, а според медиумите најреално е тој да се врати во Англија. Се прашуваат само каде ќе заврши во Ливерпул или во Манчестер Јунајтед.

Во Дортмунд се подготвени да останат без младиот фудбалер, но нема да го продадат за сума помала од 100 милиони евра. Пред три години Санчо од Манчестер сити во Дортмунд пристигна за само 10 милиони евра.

На оваа тема говорел поранешниот германски репрезентативец Штефан Фројнд, кој дел од кариерата мина во Тотенхем. Тој го предупредува дека Премиерлигата е многу посилно натпреварување од Бундеслигата.

„Најдобро би било кога тој не би ризикувал. Нека остане уште една сезона, има време, доколку продолжи да игра вака богат договор не може да му избега. Би бил поискусен за една сезона“, смета Фројнд, а потоа го предупредил Санчо да учи од примерот на Лука Јовиќ.

„Санчо ризикува да стане новиот Лука Јовиќ. Замина и сега седи на клупата. Веројатно мислеше дека мора да замине бидејќи доби повик од Реал“.

„Мислам дека треба да почека, да оди со ситни чекори, доколку имате квалитет парите ќе ве чекаат“, заклучил Фројнд.

Scroll to Top