Борусија Дортмунд се подготвени во јануари да го „приберат“ својот поранешен играч, Џејдон Санчо на позајмица од Манчестер јунајтед, тврди британскиот „Сан“.
Според нивните извори, Дортмунд и минатиот јануари дале понуда за позајмица на англискиот фудбалер, а сега се подготвени повторно да му дадат таква шанса на Санчо доколку не бидат решени проблемите со менаџерот Ерик Тен Хаг. Санчо неодамна влезе во јавна расправа со менаџерот, кој го изостави од тимот за дербито со Арсенал поради лоши перформанси на тренинзите. Неколку часа подоцна, Санчо се јави со лута реакција на социјалните мрежи, велејќи дека не треба да се верува на „лагите“.
Саудискиот Ал-Етифак се обиде да склучи договор со Санчо минатата недела, но Јунајтед поставија превисока цена, а во исто време Тен Хаг го вклучи Санчо во тимот за Лигата на шампиони.