Манчестер јунајтед се наоѓаат пред комплетирање на договорот за фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, иако бундеслигашот очекува и големи понуди од ривалите на „ѓаволите“, Ливерпул и Челси, тврди „ЕСПН“.
Германскиот тим очигледно се помири со губењето на англискиот талент оваа година, но ќе бараат околу 130 милиони евра за 20-годишниот ас, кој оваа сезона постигна 14 гола. Според „ЕСПН“, Санчо е првиот приоритет на Оле Гунар Солскјер, кој ја има и поддршката од бордот на клубот за големи засилувања.
Сепак, изворите предупредуваат дека Јунајтед во последно време е познат по „одолговлекување“ на преговорите со што би ризикувале Челси или Ливерпул да бидат поодлучни. Сепак, Ливерпул не планира да ја плати очекуваната цена, а во нападот го има блескавото трио Салах-Мане-Фирмино, додека Челси веќе се обврзаа да платат 44 милиони евра за Хаким Зијеш од Ајакс. Јунајтед би ги зголемиле шансите за трансфер ако обезбедат место во Лигата на шампионите.