Top Sport

Состојбата на Нури се подобрува, но прогресот е многу бавен!

Состојбата на Абделхак Нури, поранешниот фудбалер на Ајакс кој доживеа срцев напад во 2017 и оштетување на мозокот, е подобрена, но тој уште е „врзан за креветот“ открива неговиот постар брат Абдерахим.

Талентираниот фудбалер од средниот ред колабираше на пријателски меч со Вердер Бремен во 2017 година, кога по срцевиот напад доби постојано оштетување на мозокот. Во специјалната емисија на холандската ТВ посветена на Нури, неговиот брат даде вести за неговата состојба.

„Тој е добро, сега е дома по долго време и таму се грижиме за него. Дома е многу подобро отколку во болница, сега е свесен каде е и е во позната околина со неговото семејство. Веќе не е во кома, буден е, спие, кива, јаде, но не излегува од кревет. Уште зависи многу од нашата помош. Кога денот е добар имаме и комуникација, на пример, потврдување со очите или со насмевка, но силата не го држи многу. Зборуваме со него нормално, како да не е болен. Гледаме фудбал заедно и тоа многу му се допаѓа“, открива Абдерахим Нури.

Scroll to Top