Top Sport

Санчо во Марбеља ќе им се приклучи на новите соиграчи

Џејдон Санчо, вториот дел од сезоната ќе го мине во Дортмунд. Клубовите ја договорија позајмицата, Дортмунд на Манчестер јунајтед ќе му плати 3.000.000 евра.

Санчо го напушти Манчестер и се упати кон Марбеља каде ќе им се приклучи на новите соиграчи.

Јунајтед во 2021 за Санчо плати 85.000.000 евра, но не ја оправда инвестицијата. Во август минатата година, менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, го отстрани од тимот, а потоа и му забрани да тренира со првиот тим.

Поради долгата пауза, прашање е како ќе изгледа на теренот Санчо во дресот на старо-новиот клуб.

Scroll to Top