Top Sport

Труимф на Лацио во режија на Милинковиќ-Савиќ (Видео)

Лацио како гостин ја совлада Сампдорија со 2:1 во последниот натпревар од 15.коло, кој во неделата се одигра во Серија А. Лацио со натпревар помалку стигна до 30 бод во првенството но остана на петтата позиција на табелата. Сампдорија е на шестото место со 26 бода.

Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ во финишот на натпреварот го режираше пресвртот на Лацио, откако Сампдорија стигна до предност во 56.минута со голот на Запата.

По водечкиот гол Сампдорија не искористи неколку добри можности да ја обезбеди победата, што Лацио знаеше да го казни.

Милинковиќ-Савиќ во 80.минута најдобро се снајде пред голот на Вивијано и израмни на 1:1, а истиот играч му асистираше на Каиседо во 91.минута кој го постави конениот резултат.

Во наредната рунда Лацио ќе чека Торино, а Сампдорија на Сардинија ќе му гостува на Каљари.

Scroll to Top