Top Sport

Сане би можел замине од Манчестер сити

Лирој Сане, крилниот напаѓач на Манчестер сити, сериозно размислувал да го напушти клубот. На последните три натпревари германскиот репрезентативец мина малку време на теренот, поради што размислувал да го смени клубот.

Сане има договор со Сити до 2021 година, клубот сака да му понуди нов, но тој не решил да ги разгледа понудите на другите тимови. Баерн Минхен и Јувентус биле заинтересирани за Сане.

Доколку „граѓаните“ решат да го продадат 23 годишниот фудбалер, тоа нема да биде за сума помала од 100 милиони евра.

Сане игра одлична сезона, на 43 натпревар забележал 15 гола и 18 асистенции.

Scroll to Top