Top Sport

Трајковски и Несторовски имаат нов тренер

Ремито (1:1) против последно пласираниот тим во Серија Б, Падова, му пресуди на тренерот на Палермо, Роберто Стелоне. Овој кикс може скапо да го чини тимот од Сицилија, во борбата за директен пласман во Серија А.

Палермо на последните пет натпревари, во Серија Б, два пати победиле и играле нерешено и забележале еден пораз. Тимот на македонските репрезентативци Илија Нестовровски и Александар Трајковски на четири кола до крајот на сезоната се наоѓа на третото место на табелата со 57 бода. Пред Палермо се лидерот Бреша до 63 бода, односно Лече со 60 бода и натпревар повеќе.

Во клубот решиле дека на тимот му е потребна шок-терапија, поради што отказ доби Стелоне, а на неговата позиција дојде искусниот тренер Делио Роси.
Роси последниот ангажман го имал во сезоната 2017/2018 во Левски од Софија. Тој во кариерата во два мандати бил тренер на Палермо, а во богатат кариера меѓу другите ги тренирал Лацио, Фиорентина, Сампдорија, Болоња.

60 годишниот тренер потпишал краткорочен договор, односно се обврзал да го предводи Палермо до 30 јуни 2019 година.

Scroll to Top