Минхенски Баерн денеска и го претстави на јавноста своето ново засилување, германскиот фудбалски репрезентативец, Лирој Сане кој на „Алијанц арена“ доаѓа од редовите на Манчестер Сити.
Долг период Баварците „го ловеа“ Сане, а успеаја да го доведат во своите редови по сезоната која ја преседе поради тешката повреда која ја доживеа на стартот на сезоната.
„Хасан Салихамиџиќ беше зад овој трансфер уште од самиот старт, му благодарам за тоа. Ми покажа како функционира клубот, што екипата има на ум, како работите изгледаат овде. Веднаш видов дека тука познавам многу момци и дека добро се вклопувам“ рече Сане.
Сане летото 2016-та дојде во Сити од редовите на Шалке 04 за 52 милиони евра, а сега од кај „граѓаните“ кај Баварците се сели за 45 милиони евра.